Австрискиот Формула 1 тим, Ред Бул го продолжи договорот за техничка соработка на развојот на моторот со Хонда до 2025 година.
Хонда официјално ја напушти Формула 1 на крајот на минатата сезона, но потоа потпиша договор кој трае до крајот на актуелната сезона. Со тој договор јапонскиот производител ќе продолжи да дава техничка помош во развојот на моторот на Ред Бул и Алфа Таури.
„Ред Бул и Хонда со задоволство објавуваат дека програмата за техничка соработка која му помогна на Ред Бул да биде на врвот сезонава ќе продолжи до крајот на 2025 година“, стои во соопштението.
We’re delighted to announce an extension to our technical support agreement with @Honda to the end of 2025 🤝 #F1
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) August 2, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА