Ред Бул казнет од ФИА поради надминување на буџетот во 2021

Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) одлучи да го казни тимот на Ред Бул поради направен прекршок во минатата сезона.

Макс Верстапен ја доби битката со Луис Хамилтон и ја освои првата шампионска титула. Изминатиот период се појавија обвинувања дека австрискиот тим тоа го постигнал на нелегален начин, односно со надминување на буџетот предвиден за сезоната.

Поради тоа сега ќе мора да плати седум милиони евра. Исто така, Ред Бул е казнет со 10% помалку тестирања на аеродинамиката на својот болид.

Одземањето на титула беше една од опциите која се споменуваше. Меѓутоа ФИА не сакаше поголем скандал од оваа ситуација, па одлучи да изрече висока финансиска санкција.

 

 

 

Се вчитува...