Ред Бул „пресуди“: Директорот Хорнер не е виновен за непристојно однесување кон колешка

Челниците на Ред Бул преку соопштение до јавноста обелоденија дека се целосно зад тимскиот директор Кристијан Хорнер, кој беше ослободен од обвиненијата за непристојно однесување кон колешка од актуелниот Ф-1 првак во конкуренција на конструктори.

Обвиненијата кон Хорнер беа обелоденети во јавноста пред дваесетина дена, по што беше покрената внатрешна истрага која не најде конкретни докази за делото, за кое Кристијан Хорнер од самиот почеток тврдеше дека не е виновен.

„Убедени сме дека истрагата беше темелна, независна и фер за сите страни. Независната истрага не најде докази за непристојно однесување, па можеме да потврдиме дека Кристијан Хорнер се враќа на својата работна функција“, се вели во соопштението на Ред Бул.

Се вчитува...