Болидите на Макс Ферстапен и Серхио Перез ќе имаат поразличен изглед на Големата награда на Велика Британија. Тоа денеска го потврди Ред Бул кој на социјалните мрежи објави фотографии и видео од фарбањето на болидот за трката која ќе биде одржана престојниот викенд.
Ред Бул најави дека оваа сезона нивниот болид ќе претрпи три промени и сите ќе бидат инспирирани од фановите. Првата од нив доаѓа на популарната страза „Силверстоун“ која пред 74 години беше домаќин на првата трка во историјата на Формула 1. Преостанатите две ќе бидат во Сингапур и Соединетите американски држави.
IT’S HERE 🔥 The RB20 has had a Stallion Red makeover ahead of the #BritishGP 🇬🇧#F1 || #RedBullRacing
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) July 3, 2024
RED-Y for Silverstone 🎨❤️#F1 || #BritishGP 🇬🇧 pic.twitter.com/HGTwGyDl29
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) July 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА