Редовното годишно собрание на ФФМ закажано за 12. март

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија да денешниот состанок донесе одлука редовното годишно собрание да се одржи на 12. март во Скопје. Исто така Управниот одбор донесе одлука и за назначување на истакнатиот македонски интернационален арбитар Димитар Мечкаровски за нов претседател на Судискиот одбор.

Тој на оваа позиција доаѓа на местото на Емил Божиновски кој се повлече од функцијата, но ќе остане член на Судискиот одбор.

ОДЛУКИ НА УО НА ФФМ:

– У.О. на ФФМ донесе одлука Редовното Годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија да се оддржи на 12. март 2022 година во Скопје.

– У.О. на ФФМ донесе одлука средствата од солидарната шема за развој на младински фудбал од сезона 2020/2021 во УЕФА Лига Шампиони да бидат распоредени подеднакво на клубовите учесници во Прва МФЛ во сезоната 2020/2021.

– У.О. на ФФМ го усвои предлогот на Одборот на клубови од Прва МФЛ за зголемување на бројот на резервни фудбалери на записник од натпревар од 7 на 11 фудбалери.

– У.О на ФФМ констатираше дека досегашниот претседател на Судискиот одбор, Емил Божиновски се повлекува од функцијата, по што го усвои предлогот доставен од Судиски одбор на ФФМ и го назначи Димитар Мечкаровски за нов претседател на Судискиот одбор на ФФМ. Досегашниот претседател на Судискиот одбор, Емил Божиновски останува член на Судискиот одбор.

Се вчитува...