Редовното изборно собрание на ФФМ ќе се одржи на 15 март: Омерагиќ добива четиригодишен мандат

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го одреди датумот и местото на одржување на Редовно изборно генерално Собрание на ФФМ.

Редовното изборно генерално Собрание на ФФМ ќе се одржи на 15. март 2025 година со почеток во 10 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје.

На истото се очекува актуелниот претседател Масар Омерагиќ да биде реизбран на позицијата прв човек на ФФМ, со полн мандат во следните четири години, до 2029 година. Во моментов се одржуваат и редовните изборни собранија на општинските фудбалски сојузи преку кои ќе бидат предложени и новите членови на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.

Се вчитува...