Претседателот на Партизан, Расим Љајиќ, изјави дека лига од најдобрите клубови од регионот, од просторот на поранешната заедничка држава, би била најдоброто решение за сите на Балканот, како единствен спас за фудбалот на овие простори.
Проблемот е, секако, како да се организира, како да се обезбедат услови и, пред сè, безбедност за гостинските навивачи и критичните групи што би го следеле нивниот клуб од Вардар па до Триглав.
Кога се гледаат сите можни агли, сите предности што ги носи таквото натпреварување, преовладувачкиот заклучок е дека Регионалната лига би била најдоброто решение. Би се создала силна лига, секое коло дерби, барем едно, силни натпревари, голем број навивачи на стадионите, прилив на пари… Тогаш сè би имало смисла.
„Сите се согласуваат дека регионалната лига е спас за нас и за фудбалот во земјите од поранешна Југославија. Можеме ли да ја имплементираме? Не! И кога зборувате неформално, сите се согласуваат дека тоа е единственото решение. Не е поради политиката, туку е невозможно да се организираат натпревари, на пример, навивачите на Динамо да доаѓаат тука. Слушнав дека политичарите се виновни за сè, секако дека се одговорни и доминантно ја создаваат климата, но не се сами во ова. Ако сите претседатели на државите велат да се создаде регионална лига, дали мислите дека можете да организирате натпревар тука без да ја ангажирате целата милиција во светот? Не сакам никого да бранам, меѓутоа, важноста на политичките личности е пренагласена, но каква е улогата на медиумите, образовниот систем, каде живеат нашите деца…“ – вели Љајиќ на оваа тема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

