Mozzart и со љубителите на автомобили
Автомобили опремени само за автомобилски трки, најновите модели на различни возила, но и неизбежните олдтајмери го украсија платото пред Арената A1 на спортскиот центар Борис Трајковски како дел од Меѓународната манифестација на модифицирани автомобили. Познато е дека не може да се замисли собир на љубители на автомобилизмот без чкрипење гуми и турирање мотори, кои беа составен дел на оваа манифестација која собра учесници од целиот Балкан. Клубот Extreme Power City имаше свое претставување со поддршка од регионалниот лидер во приредување игри на среќа.
“При соработката со Mozzart наидов на одличен однос кој резултираше со одлична соработка. Ние како тим сме супер задоволни и се надеваме на идна соработка на се повеќе успешни настани” – изјави Ико Љубовчевиќ претседател на тимот Extreme Power City – Скопје и еден од организаторите на Еxtreme power city tuning show no.3 меѓународната манифестација на модофицирани автомобили.
Настанот го заокружија промотерките на компанијата Mozzart, кои сите присутни ги израдуваа со подароци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА