Најпријатното изненадување на Мундијалот, Мароко беше елиминиран во полуфиналето од Франција. Избраниците на Валид Реграги не треба да бидат разочарани бидејќи го направија најголемиот успех во историјата на африканскиот фудбал, но и покрај тоа селекторот не го криеше разочарувањето.
Во мечот за третото место кој ќе се игра во сабота од 16 часот Мароко ќе игра против Хрватска. Што и да се случи на овој меч, Мароканците ќе бидат најдобрата африканска репрезентација во историјата на Мундијалите.
„Разочарани сме поради целиот марокански народ. Сакавме сонот да трае. Секако дека сме задоволни од постигнатото, но почувствувавме дека можеме да одиме понатаму. Малите детали им помогнаа на вистинските шампиони да победат. Имаа замени кои влегоа и направија разлика. Но, им кажав на играчите дека сум горд на нив. Неговото височество и целиот марокански народ се горди. Обезбедивме добра слика за Мароко и за целиот африкански фудбал“, изјави Реграги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА