Уште една оптимистичка изјава доаѓа од селекторот на Мароко, Валид Реграгуи. Откако претходно најави дека неговата селекција ќе игра во финалето, сега најавува дека Мароко на идниот Мундијал ќе биде првопласиран.
Мароканскиот селектор вели дека не е седноо дали селекцијата ќе биде трета или четврта на Мундијалот.
„Знаевме дека ќе бидеме еден од најдобрите тимови на Светското првенство, а многу луѓе рекоа дека во полуфиналето ќе заврши и Хрватска која има континуитет и сила. Ќе биде ова сосема поинаков натпревар од оној првиот кој го игравме во групната фаза. Пред тој меч Хрватите беа фаворит, а сега ние заслуживме да не почитуваат. Не е исто дали ќе бидеме трети или четврти“, рече Реграгуи.
Селекторот на Мароко околу судењето на мечот со Франција истакна.
„Дали имаше пенај, и дали тоа би направило разлика, не знаеме. Знам дека и Франција се жалеше за мечот со Тунис. Се е фер во војната и во љубовта. Знам дека сме оштетени за пенал. Сега одиме да го поправиме нашиот рејтинг, а потоа на следното СП можеби ќе биде и први. Не е лудо да се сонува“, рече Реграгуи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА