Шпанскиот интернационалец Пепе Реина ќе остане во Наполи уште најмалку две сезони. Тој се договори со раководството на „наполитанците“ за продолжување на соработката и во наредниот период, иако имаше понуди и од Премиер – лигата, од Њукасл и од Бурнемаут.
Сепак, Реина одлучи да остане во Неапол, а официјално договорот ќе го потпише во наредните неколку дена.
Со тоа Наполи и дефинитивно го решава проблемот со голманската позиција, а тренерот Сари наскоро на располагање ќе го има и дефанзивецот Марио Руи, кој пристигнува од редовите на Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА