Реина сака нов договор во Рим

Триесет и деветгодишниот шпански голман Пепе Реина има намера да потпише нов договор со Лацио. Искусниот голман дојде во клубот од Рим од Милано минатото лето и одигра 31 натпревар во дресот на Лацио.

Шпанецот прими два гола во првите два натпревари од новата сезона, но тоа е помалку важно ако се знае дека неговиот тим е лидер во Серија А со шест бода и гол разлика од 9-2.

„Имам договор со клубот до крајот на сезоната. Ако се согласиме, ќе останам уште една година. Моето семејство е среќно во Рим“, рече Реина.

Поранешниот голман на Барселона во кариерата играше и за Вилјареал, Ливерпул, Наполи, Баерн, Милан и Астон Вила.

Се вчитува...