Македонскиот кошаркарски вицешампион ТФТ го составува тимот за новата сезона во која влегува со високи амбиции.
Тимот од скопската населба Тафталиџе го претстави Реј Сомервил за ново засилување. Како што велат од таборот тоа е нивното последно странско засилување пресрет новата сезона.
„Играч со извонредни физички способности, моќен скокач и голема атрактивност на теренот, кој се очекува да биде столбот под обрачите во АБА лигата и домашниот шампионат. За Сомервил ова ќе биде прво европско искуство. Има 25 години, а претходната сезона ја помина на Универзитетот Делавер, настапувајќи во НЦАА. Добредојде, Реј!“, стои во објавата на ТФТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

