Легендата на шпанската кошарка, Фелипе Рејес на 41-годишна возраст, по 23 одиграни сезони, 22 титули со Реал Мадрид, четири златни, четири сребрени и три бронзени медали со шпанската репрезентација стави крај на својата фантастична кариера.
Рејес кариерата ја започна во Естудијантес чии бои ги бранеше од 1998 до 2004 година, а потоа следеше трансфер во редовите на Реал Мадрид каде остана 17 години. Легендарниот центар вели дека уживал во секој момент и во Реал Мадрид научил дека во животот има нешто повеќе од титула.
„Има многу моменти. Од дебито со Естудијантес, времето поминато во Реал Мадрид, од играњето заедно со мојот брат до играњето за националниот тим. Освоените титули со Реал, Светското првенство и Олимпиското финале со националниот тим, но најважно од се е времето во кое уживав со моите соиграчи, тоа за мене беше најбитно. Би сакал да им се заблагодарам на сите. Ова е многу тежок момент, момент кој ниеден играч на светот не сака да дојде. Јас уживав во целата кариера, ја оставив душата на терен. Горд сум што можев да ги бранам боите на двата најдобри клубови од Мадрид и националниот тим.
За жал во животот се има крај. Мислам дека можам да дадам бар уште малку, но времето за заминување дојде. Сакам да му вратам на овој спорт тоа што тој мене ми го даде. Би сакал и да му се заблагодарам на Реал Мадрид. Овој тим ме научи се, научив дека во животот има нешто повеќе од титули“, вели легендарниот Рејес.
🙌 Tal día como hoy, hace 6 años, alzamos nuestro 3⃣2⃣º título de Liga 🙌
💫 @9FelipeReyes, MVP de la temporada.
💫 @23Llull, MVP de la final.#RMHistory pic.twitter.com/Uj5mjFWtkS— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) June 24, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА