Рејмонд победник на Охридскиот маратон, Поп Ацев прв на светската табела

Францускиот пливач Аксел Рејмонд е новиот победник на Охридскиот маратон, откако актуелниот светски првак прв ја мина целта по исцрпувачката трка во должина од 25 километри. Рејмонд го контролираше водството во поголемиот дел од трката и на крајот успеа да стигне до првото место со време од 5:20.55 часа.

За францускиот пливачки ас ова е втора титула во Охрид, откако тој триумфираше на маратонот во нашата земја и пред шест години.

Најдобриот македонски маратонски пливач, Евгениј Поп Ацев, го освои второто место со само осум секунди послабо време од победникот. Овој пласман е многу значаен за Поп Ацев бидејќи со него стигна до првото место во светската табела за маратонско пливање, прескокнувајќи го Италијанецот Стокино, кој денеска во Охрид стигна само до четвртата позиција.

Ланскиот победник, Франческо Џетини, денешната трка ја заврши на третото место.

 

фото: ohridnews.com

Се вчитува...