Клубовите од англиската Премиер лига само од рекламите на ракавите на дресовите годинава заработеле вкупно 23 милиони фунти. Овие реклами ги имаат речиси сите клубови. Со исклучок на Арсенал кој има ексклузивен договор со „Емирати“, како и Манчестер јунајтед и Тотенхем кои се уште не го одредиле својот спонзор, другите клубови од Премиер – лигата за оваа реклама прокнижиле 23.200.000 фунти.
Најголема заработувачка од оваа реклама има Челси кој од рекламата за јапонската компанија “Alliance Tyres” добива 7 милиони фунти, додека Манчестер сити има 6 милиони фунти од “Nexen”, компанија која е од истата бранша, но која доаѓа од Јужна Кореја. Милионска сума од оваа реклама има и Ливерпул кој од “Western Union“ добива 5 милиони фунти годишно. За разлика од водечката тројка, сите други клубови имаат многу помали суми од спонзорските договори за овие реклами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА