Реконструкција на падот на авионот на Сала: Пилотот направил се да се спасат

По официјалната потврда за смртта на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала во падот на неговиот авион на пат од Кардиф за Нант, а согласно анализата на пронајдените остатоци од авионот, реализирана е и реконструкција на падот и последните обиди за спас на Сала и пилотот.

Истражителите го пронајдоа досега единствено телото на Сала, додека она на пилотот Дејвид Иботсон се уште не е пронајдено. Но, во секој случај, оценките на стручните лица се дека пилотот направил апсолутно се да го спаси авионот и да се избегне пад.

Според основната прва реконструкција на целиот настан, како што пренесуваат англиските медиуми, Иботсон имал контрола над авионот пред падот во море. Утврдено е дека носот на авионот бил исправен за време на падот поради што е пронајден нераспаднат на дното од морето. Доколку ударот бил со врвот тогаш авионот сигурно би се распаднал.

„Пилотот сигурно имал контрола пред ударот во море, и тоа очигледно се забележува на остатоците кои се пронајдени. Авионот обично во тие ситуации прво удира со предната страна, а врвот прв страда. Но, во оваа ситуација, врвот беше исправен што е доказ дека пилотот имал контрола обидувајќи се да го ублажи падот. Очигледно е дека не удрил во море со полна брзина. Веројатно очекувал авионот во таква ситуација извесно време да остане на површината од морето како би имале можност да се извлечат од него. Но, бидејќи се работи за мало авионче водата веднаш успеала да го наполни и почнувајќи брзо да тоне не оставил можност за извлекување на пилотот и Сала. Очигледно е дека направил се што можел, но за жал не се спасија. Е, сега друго прашање е каде е телото на пилотот?“ – велат истражителите кои продолжуваат со потрагата по телото на пилотот.

Се вчитува...