Никола Јокиќ уште еднаш потврди зошто важи за најдобар центар во НБА-лигата, играјќи неверојатен меч за Денвер на гостувањето против Сакраменто (119-114). Српскиот ас беше фантастичен за првпат во кариерата успевајќи да стигне до бројката од 50 постигнати поени. Уште поимпресивно е што крај 50-те поени, Јокиќ имаше и дури 12 асистенции. Со тоа, Јокиќ стана прв центар со најмалку 50 поени и 10 асистенции на натпревар по Карим Абдул Џабар, кој имаше ваков фантастичен меч во јануари 1975 година.
Драматично беше на дуелот во Лос Анџелес, каде ЛА Лејкерс дури по две продолжениja го скршија отпорот на Детроит и триумфираа со 135-129. Детроит се врати од „минус 17“ во третата четвртина, по што на теренот се водеше вистинска војна, за Леброн Џејмс со тројка да стави печат на овој интересен натпревар и победата на актуелниот првак. Леброн беше најефикасен кај ЛА Лејкерс со 33 поени и 11 асистенции, додека Дејвис реализираше 30 поени.
Филаделфија го искористи неиграњето на Кевин Дурант во Бруклин и лесно славеше со 124-108. Ембид беше предводник на победничкиот тим со 33 поени, додека Џејмс Харден го заврши мечот со 26 поени и 10 асистенции, недоволно за да се избегне пораз.
Резултати НБА:
Сакраменто – Денвер 119-114, Орландо – Чикаго 92-118, Атланта – Торонто 132-121, Кливленд – Милвоки 99-124, Хјустон – Сан Антонио 106-111, Оклахома – Минесота 120-118, Филаделфија – Бруклин 124-108, Далас – Голден Стејт 134-132, Њу Орлеанс – Мемфис 118-109, ЛА Лејкерс – Детроит 135-129 (по прод.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

