Рекорд над сите рекорди во спектакуларен трансфер: Реал Мадрид се подготвува да го продаде Винисиус!

Преговорите меѓу Реал Мадрид и Винисиус Жуниор околу продолжувањето на договорот се неочкувано прекинати, со информации дека Бразилецот навистина би можел да го напушти кралскиот клуб во трансфер што ќе ги сруши сите рекорди.

Винисиус несомнено беше првата ѕвезда на Реал Мадрид во изминатите неколку сезони, но во последната година сè се сврте и тргна надолу откако не ја освои Златната топка. Бразилецот зад себе ја има веројатно најлошата сезона откако е во Реал, па дури се покажа дека Чаби Алонсо не е премногу задоволен од игрите на Винисиус.

Познато е дека Реал и Винисиус долго време се во преговори околу продолжувањето на договорот што истекува за две години, но пред неколку дена беше објавено дека тие се прекинати. Во Реал веќе не се сигурни дали Винисиус е толку недопирлив кога станува збор за продажба, особено не откако се појавија приказните дека би можеле да соберат неверојатни 350 милиони евра од трансферот на бразилскиот репрезентативец.

Веќе некое време се шпекулира дека Винисиус би можел да замине во Саудиска Арабија, каде што прават сè за да го доведат во својата лига, а ниту еден од најголемите клубови во светот не може да ја одбие понудата што ја подготвуваат.

Фудбалската јавност е воодушевена од фактот дека се подготвува понуда за Винисиус каква што овој спорт никогаш порано не видел, а доколку се постигне договор, јасно е дека со тој трансфер би биле срушени сите рекорди. Саудијците се подготвуваат да го срушат рекордот со понуда од 350 милиони евра за Винисиус, а дури ни „кралевите“ не можат да одолеат на тоа, бидејќи покажаа дека речиси сигурно би прифатиле таква понуда.

На Винисиус му беше понуден петгодишен договор вреден нереална милијарда евра и на сите им е јасно зошто Бразилецот сериозно почнал да размислува за одење во Саудиска Арабија.

Иако до неодамна тврдеше дека нема да го напушти Реал долго време, се чини дека се случил пресврт, бидејќи е речиси невозможно да се каже не на ваквите понуди.

Доколку трансферот се реализира, Винисиус ќе биде најскапиот играч во историјата на фудбалот и ќе го сруши рекордот од 2017 година, кога Барселона го продаде Нејмар на ПСЖ за дури 222 милиони евра.

Во Реал се подготвени да го пуштат Винисиус за тие пари бидејќи би инвестирале во доведување неколку звучни засилувања.

Родри и Ибрахим Конате се на листата на желби, а „кралевите“ дефинитивно би барале засилувања во напаѓачката фаза како замена за заминувањето на Винисиус.

Се вчитува...