Рекорд: Партизан ќе мора да плати 200.000 евра на Црвена Звезда

Црвена Звезда убедливо славеше на дербито против Партизан со 3-0, но дуелот повторно го одбележа дивеење на навивачите, овојат на гостинската група „Гробари“ која запали дел од столчињата на трибината каде што се наоѓаше, поради што дуелот неколку минути беше во прекин.

Како што информираат српските медиуми, причинетата штета е далеку поголема ако се знае дека приврзаниците на Партизан при напуштањето на стадионот оштетени се излезите, па дури и семафорот што се наоѓа на таа трибини. Покрај тоа, стотици столчиња се скршени или запалени.

Согласно договорот меѓу клубовите пред почетокот на сезоната, гостинските тимови се обрзани да ги покријат трошоците за хаосот што ќе ги направат нивните тимови за време на мечевите од српскиот шампионат.

Како што информираат од Црвена Звезда, овојпат сумата што Партизан ќе мора да ја плати е огромна, во висина од околу 200.000 евра.

Со оглед на огромните финансиски проблеми на „црно-белите“, уште еден огромен удар за овој клуб кој се бори да излезе од огромните долгови направени од претходната управа.

Се вчитува...