Мечот помеѓу Сан Антонио Спарс и Голден Стејт го гледало дури 68.323 гледачи на трибините. Истиот не се одигра во сала, туку на стадионот „Аламодом“, што претставува нов рекорд во НБА лигата. Специјалниот повод за ваквата посета е 50 годишнината од „Аламодом“, терен на кој Спарси играа од 1993 до 2002 година.
Иако Сан Антонио игра сезона за заборав, сепак, вчера се случи историја. Претходниот најгледан меч пред овој синоќешниот, беше во 1998 година помеѓу Чикаго и Атланта кога на трибините имаше 62.046 гледачи.
Вориорс немаше проблем со големата поддршка на домашниот тим, и славеше победа 144-113. Џордан Пул блескаше со 25 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

