Рекорд во НФЛ: Погоди филд-гол од 70 јарди (ВИДЕО)

Кикерот на Џексонвил џегуарс во НФЛ лигата, Кем Литл, го одбележа претсезонскиот натпревар против Питсбург стилерс. Тој погоди филд гол од 70 јарди, што е нов рекорд.

Сепак, филд голот нема да биде земен како официјален рекорд, бидејќи беше погоден на меч од претсезоната. Сопственик на рекордот останува Џастин Такер од Балтимор равенс со 66 јарди.

„Тој сакаше да проба и ние му го овозможивме тоа. Беше доста добро. Штета што не е официјален рекорд“, рече тренерот на Џексонвил, Лиам Коен.

Се вчитува...