Рекорд за неверојатниот Ферстапен, титула за Ред Бул

Макс Ферстапен стигна до нов 13. триумф сезонава откако вечерва славеше на трката за големата награда на Тексас. Холанѓанецот до победата стигна на убедлив начин. Второто место му припадна на Луис Хамилтон на Мерцедес, додека трет беше Шарл Леклер од Ферари.

Повторно по кој знае кој пат сезонава Ферари имаше катастрофален старт. Карлос Сајнц веднаш го загуби првото место од Макс Ферстапен, а по контакт со Џорџ Расел неговиот пневматик не издржа па мораше да се откаже од трката.

Во 22 круг се случи нов инцидент во кој учествуваат Алонсо и Строл кои следната година ќе бидат клупски колеги во Астон Мартин. За среќа возачите поминаа без повреди, а на патеката излезе „безбедносното возило“.

На 20 круга до крајот Ред Бул погрешија во „пит-стоп“ што го чинеше Макс Ферстапен кој го загуби лидерското место на сметка на Хамилтон и Ферстапен. Сепак и тоа не е проблем за „летечкиот Холанѓанец“ кој на неверојатен начин стигна до нов триумф.

До крајот без никакви проблеми Ферстапен ја исконтролира трката за 13 победа сезонава со која се израмни со Михаел Шумахер и Себастијан Фетел за најмногу победи во една година. На оваа трка и Ред Бул ја осигура титулата во конкуренција на конструктори.

Се вчитува...