Фудбалот го „врти“ светот во овој месец на Светското првенство. Еуфоријата најмногу е присутна во земјите кои имаат свои селекции учеснички на Мундијалот. Во Данска, рекорден број на луѓе ја гледале осминафиналната пресметка на својата репрезентација против Хрватска, објави ФИФА.
Повеќе од 2 милиони Данци во живо го следеле ТВ преносот од дуелот со Хрватите и возбудливото изведување пенали, по кое сепак данските фудбалери доживеаја елиминација. Овој меч имал телевизиски „шер“ од фантастични 88,2 % во земјата. На крајот, Данците сепак останаа разочарани од исходот, а нивните миленици не успеаја да изборат пласман во четвртфиналето на Мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА