Македонскиот олимпиец, Дарио Ивановски, повторно е победник на главната трка на 21 километар на осмото издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ 2024“, која денеска со рекорден број учесници се одржа во нашиот најголем туристички центар.
На манифестацијата на која учествуваа рекордни 2200 натпреварувачи од 31 земја, Дарио полумаратонот го истрча за 1:10.01 часа, пред атлетичарите од Бугарија Михаил Валковски (1:14:00ч.) и Николај Николов (1:15:44).
Во женска конкуренција победи Милјана Ристиќ со резултат 1:30:01 часа, пред Јована Шубатлија од Србија (1:30:40 ч.) и Фросина Михајловска (1:31:35 ч.).
Во трката на 5 километри победи Мирослав Спасов од Бугарија со време 18:11 минути, пред атлетичарите од Македонија, Александар Арсов (19: 16 минути) и Ријат Шеипи (19:32 минути).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА