Рекорден награден фонд на Австралија опен

Првиот грaнд-слем турнир во сезоната, Австралија опен, кој почнува на 16. јануари, подготви рекордно висок награден фонд за тенисерите во износ од 76,5 милиони австралиски долари (48,5 милиони евра).

Организаторите на првиот од четирите гранд-слем турнири во сезоната обезбедија зголемување на наградниот фонд за 3,4 отсто во споредба со овогодинешното издание, со големи зголемувања во првото коло од турнирот.

Победниците во машка и женска конкуренција на првиот гранд-слем турнир во 2023 година ќе однесат по 2,975 милиони австралиски долари, што е 1,886 милиони евра. Директорот на турнирот Крег Тајли рече дека вкупниот награден фонд за турнирот во Мелбурн, вклучувајќи ги и подготвителните турнири како што е „Јунајтед купот“, за прв пат ќе надмине 100 милиони австралиски долари (63,4 милиони евра).

Се вчитува...