Рекорден награден фонд на Австралија опен, но се уште е многу далеку од УС опен

Организаторите на Австралија Опен објавија дека вкупниот награден фонд за првиот гранд-слем во сезоната ќе изнесува 111,5 милиони австралиски долари, односно 74,9 милиони американски долари.

Ова е зголемување од дури 16 проценти во споредба со минатата година. Победниците на турнирот во двете натпреварувања ќе соберат 2,79 милиони, што е за 19 проценти повеќе во споредба со претходната сезона.

Наградниот фонд е зголемен во сите рунди, а само учеството во првото коло ќе им донесе на тенисерите 100.750 долари. Крег Тајли, првиот човек на Австралија Опен, истакна дека турнирот покажал дека неговиот фокус не е само на суперѕвездите, туку и на оние кои заработуваат многу помалку.

Сепак, кога се споредува наградниот фонд со оној на Њујорк, јасно е дека има многу помалку пари во оптек. Да ве потсетиме дека минатата година шампионите на САД Опен заработија точно по 5 милиони долари.

Се вчитува...