Организаторите на УС опен соопштија дека го зголемиле наградниот фонд за осум отсто, што значи дека годинава ќе изнесува рекордни 57 милиони долари.
Шампионите во сингл во машка и женска конкуренција ќе заработат по 3.850.000 долари. Во дубл наградите ќе бидат значително помали, односно 740.000 долари. Тоа ќе биде убедливо најголемата заработувачка што ќе ја имаат шампионите во историјата не само на „Флешинг мидоус“ туку и општо на грен-слем турнирите.
Четвртиот грен-слем во сезоната на програмата е од 26 август до 8 септември, а титулите во машка и женска конкуренција ќе ги бранат Новак Ѓоковиќ и Наоми Осака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА