Рекорден скок на Норвежанецот Форфанг – Неверојатен момент во Германија (ВИДЕО)

Јохан Андре Форфанг реализираше скок од неверојатни 153 метри во германскиот Вилинген со што го израмни рекордот на скокалницата од 2021 година кој го постави Полјакот Клеменс Муранка.

Норвешкиот ски-скокач го подели првото место со Јапонецот Роју Кобајаши во квалификациите пред денешниот главен натпревар од Светскиот куп. И двајцата освоија по 129 бода, а трет заврши Австриецот Стефан Крафт со 127,5 бода.

По скокот на Форфанг скокалиштето беше спуштено и тоа влијаеше на резултатите на останатите натпреварувачи во продолжението.

Крафт води во вкупниот пласман во Светскиот куп со 1089 бода пред Германецот Андреас Велингер со 837 бода, а трет е Кобајаши со 736 бода. Форфанг е на 17. место со 228 бода.

Се вчитува...