Хајдук заврши уште една извонредна работа на трансфер-пазарот откако сплитскиот клуб ја комплетираше продажбата на Лука Вушковиќ во таборот на Тотенхем. За услугите на 16-годишниот дефанзивец се интересираа бројни европски гиганти, летово тој беше многу блиску до потпис со ПСЖ, за на крајот да се премисли и денеска да го комплетира трансферот во редовите на Тотенхем.
Според договорот на двата клуба, Вушковиќ ќе остане во Хајдук до 1 јануари 2025 година, кога ќе се пресели во таборот на „спарси“. Висината на трансферот е 14 милиони евра, од кои 11 милиони се загарантирани, а три поврзани со неколку лесно остварливи клаузули.
Вушковиќ има 16 години, но веќе собра 11 сениорски настапи за Хајдук, постигнувајќи притоа и еден погодок. Тој беше предводник на тимот кој стигна до финалето во УЕФА Лигата за младинци, каде уште повеќе го привлече вниманието на себе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА