Рекорден трансфер на Вулверхемптон – Бразилец што доаѓа од Атлетико Мадрид

Вулверхемптон го реши голгетерското прашање за вториот дел од сезонава откако англискиот премиерлигаш конечно ги договори сите детали од трансферот на Матеус Куња.

Бразилецот доаѓа од редовите на Атлетико Мадрид, каде постигна неколку важни погодоци, но никогаш не се наметна како стандарден првотимец, што придонесе да биде изоставен и од финалниот список на бразилскиот селектор за СП во Катар.

Самиот Куња ги имаше договорено личните услови уште пред дваесетина дена, но клубовите денеска конечно постигнаа целосен договор. Бразилецот ќе дојде меѓу „волците“ на позајмица до крајот на сезонава, но Вулверхемптон се обврза летово да мора да го откупи целосно неговиот договор со Атлетико, за сума од почетни 45 милиони евра. Тоа воедно ќе биде и рекорден трансфер во клупската историја на Вулверхемптон, тим што се обидува да сврти нов лист со доаѓањето на Хулен Лопетеги на кормилото.

Се вчитува...