Хесус Навас на крајот од сезоната ќе ја напушти шпанска Севилја. Севилја од почетокот на сезоната е без двајца капитени, а сега си заминуваат и третиот и четвртиот. Во јануари клубот го напуштија Фернандо Рејес и Иван Ракитиќ, веќе е познато дека на крајот на сезоната ќе замине и Серхио Рамос, а сега Навас потврди дека нема да остане во клубот. И тоа не затоа што не сака, туку затоа што не му било понудено да остане.
Медиумите во Шпанија шпекулираа дека самиот играч не сакал да го продолжи договорот, но тој тоа го демантираше.
„Почитувани фанови на Севилја, ова е тажен ден за мене. Никогаш не мислев дека ќе дојде овој ден. Не можам да поверувам. Севилја е мојот дом, но не сум добил никаква понуда од клубот за продолжување на договорот. Никој. Нула повици. Немам ништо договорено со друг клуб. Севилја е мојата љубов“, изјави Навас.
Навас професионалната кариера ја започна во 2003 година, а во 2013 година се пресели во Манчестер Сити. По четири години минати во Англија, тој се врати во Севилја, каде што останува до денес. За Севилја одигра 689 натпревари и е рекордер на клубот по бројот на настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

