Животната приказна на најдобриот голфер во светот, Тајгер Вудс е исполнета со подеми и падови. Спортските успеси постојани беа следени од скандали, а најголемиот се случи во 2002 година. Сега тој повторно е во одлична позиција, освојува пехари и повторно се смее, но имаше долг период во животот во кој се соочуваше со проблеми со алкохолот, разочарувањата како и со приказни за сексуални авантури кои ги полнеа таблоидите.
Се почна на кобната во 2002 на Денот на благодарноста кога Вудс во алкохолизирана состојба со автомобил влета во семејната куќа, сопругата која ги открила сите негови неверства со голф палка му го искрши возилото. Потоа почнаа да излегуваат детали од неговите аватури. Девојките со кои изневерувал побрзаа да ја искористат приликата и да раскажуваат по медиумите кои пак пребројаа дека Вудс имал 121 авантура во текот на бракот. Во 2010 година следуваше разводот кој голферот го чинеше 300 милиони долари. Толку доби Елин Норденгрен.
Вниманието на светската јавност Вудс повторно го привлече со врската со Линдзи Вон, како и со апсењето во 2017 поради несовесно возење. Тој беше во лоша состојба поради проблемите со грбот на кој му беа направени четири операции. Во 2018 Вудс по пауза од пет години триумфираше на завршната сесија на Шампионската голферска турнеја. За него тоа беше 80 ПГА титула. Подоцна продолжи со успесите и веќе има рекордни 82 титули. Првата ја освои на 23 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА