Атлетико Мадрид во осмото коло од Примера дивизион го забележа и четвртото реми откако тимот на Диего Симеоне одигра само 1-1 на гостувањето против Селта.
Една седмица по големиот триумф над Реал Мадрид, избраниците на Симеоне повторно се мачеа на гостински терен иако први стигнаа до водство со автоголот на Старфелт во 7. минута. Сметките на фаворитот беа замрсени по црвениот картон на Ленгле пред крајот на првото полувреме, по што Селта во вториот дел тргна во офанзива во обид да стигне до израмнување.
Домаќините успеаја во тоа, и тоа со голот на капитенот Јаго Аспас, кој на најдобар можен начин го прослави 533. официјален натпревар за Селта, со што се израмни со Маноло како играч со најмногу настапи за тимот од Виго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

