Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ја освои наградата за најдобар стратег за месец декември во Премиер – лигата, и стана првиот менаџер кој ја освоил оваа награда четири месеци во низа.
Гвардиола претходно беше прогласен за најдобар стратег во септември, октомври и ноевмри, со тоа што наградата за најдобар стратег за август месец му припадна на менаџерот на Хадерсфилд, Дејвид Вагнер. Најблиску до овој успех е предводникот на „сините“, Антонио Конте освои три награди во минатата, шампионска сезона беше прогласен за најдобар во октомври, ноемри и декември месец.
Манчестер сити во последниот месец од 2017 година се сретна со Вест хем, Манчестер јунајтед, Свонси, Тотенхем, Бурнмаут, Њукасл и Кристал палас, оствари пет победи и едно реми, на кои постигнаа 19 погодоци, а дозволија само три во својата мрежа.
По 22 кола „граѓаните“ се наоѓаат високо на табелата со 62 бода и 15 бода предност во однос на второпласираните Јунајтед.И натаму се единствената непоразена екипа во Анлија со 20 победи и само две реми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА