Рекордерот Халанд донесе нова победа за Сити, Ливерпул од пенал до триумф над Фулам (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер сити се вратија на врвот на табелата во Премиер-лигата откако вечерва на домашен терен славеа против Вест Хем Јунајтед со 3-0 во заостанат натпревар од 28. коло во англискиот шампионат.

Откако по првото полувреме мируваа мрежите водство за домаќините од 1-0 донесе Нејтан Аке во 50. минута. На 2-0 зголеми неверојатниот Ерлинг Халанд во 70. минута со својот 35 погодок сезонава со што стана најдобар голгетер во историјата на Премиер-лигата. Конечните 3-0 беа дело на Фил Фоден во 85. минута.

Manchester City [2] – 0 West Ham – Erling Haaland goal 70′
by u/Ihattaren in soccer

Во вториот натпревар вечерва Ливерпул стигна до нов триумф откако на домашен терен славеше со минимални 1-0 против Фулам. Стрелец на голот за победа за „црвените“ беше Мохамед Салах од пенал во 39. минута.

Се вчитува...