Рекордерот Кејн скромен: Супер е јубилејот, но уште помила е победата

Хари Кејн го предводеше Тотенхем до нова победа во Премиерлигата откако стрелаше на натпреварот против Вулверхемптон, притоа поставувајќи нов рекорд по бројот на постигнати голови за еден клуб во елитното натпреварување, но и надминувајќи ја јубилејната бројка од 250 постигнати голови за „петлите“.

Англискиот голгетер не го криеше задоволството од јубилејната бројка, но вели чувството е уште подобро знаејќи дека донесе три нови бода за својот клуб.

„Убаво е чувството да постигнете 250 голови за Тотенхем А, поготово кога ќе победиш. Полошо започнавме, но во вториот дел влеговме со добар интензитет и постигнавме гол. Ја променивме малку формацијата на начин на кој сакавме да направиме пресинг, бидејќи не бевме во можност да се приближиме доволно во првото полувреме. Работевме напорно во претсезоната и знаевме дека ќе бидеме појаки како што ќе се одвива натпреварот. Тоа и се случи. Ги вежбавме овие ситуации од корнер“, изјави Кејн.

Се вчитува...