Интер преку Ромелу Лукаку уште на самиот старт од пенал поведе со 1-0 во финалето од Лигата на Европа. Белгиецот сам го избори пеналот по одлично истрчаната контра, а потоа и рутински го реализираше за предност на „нероаѕурите“ уште во петтата минута.
Со овој гол Лукаку го израмни рекордот на Роналдо Назарио (34) за дадени голови во прва сезона во дресот на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА