Рекордерот по бројот на повреди ја завршува фудбалската кариера

Поранешниот играч на Арсенал, Абу Дијаби објави дека ја завршува кариерата. 32-годишниот француски интернационалец чија кариера ја обележаа бројните повреди реши да замине во пензија. Во последните  две години тој и така немаше клуб, а последно настапуваше за Олимпик Марсеј.

Дијаби во Арсенал помина девет години, одигра  180 натпревари на кои постигна девет гола. Откако во Арсенал во последните две сезони одигра само два натпревара замина во Марсеј, но и таму имаше само шест средби за две сезони.

Во периодот додека беше во Арсенал, Англичаните му пресметаа дека имал дури 42 поврди, паузирал 1479 дена или четири од деветте години во клубот.

 

 

Се вчитува...