Заокружувањето на првата фаза од Лигата на Шампионите донесе и две фантастични достигнувања на двајца врвни голгетери, Килијан Мбапе и Роберт Левандовски.
Мбапе постигна два гола во поразот на Реал од Бенфика, со што го урна рекордот за најмногу погодоци во првата фаза од ЛШ. Французинот стигна до 13 погодоци, уривајќи го рекордот на Кристијано Роналдо, кој постигна 11 гола во првата рунда од ЛШ во сезоната 2015/16. Треба да се истакне дека Роналдо стигна до оваа бројка за шест меча во дресот на Реал, додека Мбапе овие 13 погодоци ги постигна на седум одиграни натпревари сезонава во елитното европско натпреварување.
Роберт Левандовски минатата седмица го мина Роналдо, а синоќа се израмни со Лео Меси, по бројот на различни клубови на кои полскиот ас им има постигнато гол во Лигата на Шампионите. Неговиот погодок за 1-1 против Копенхаген значеше дека данскиот тим е вкупно 41. различен во ЛШ што прима гол од „Леванголски“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

