Рекордите на Пеле што ќе бидат урнати во 2021 година

Оваа фудбалска 2020 година заврши со уривање на еден неверојатен рекорд на Пеле. Бразилецот во кариерата имаше постигнато 743 гола за еден клуб (Сантош), остварување што долго беше недопирливо за сите останати се додека на сцена не стапи Лионел Меси. Аргентинецот на последниот меч со Валјадолид биеше прецизно за вкупно 744. погодок во дресот на Барселона и на тој начин го урна рекордот на Пеле, што е само најава за неколкуте рекорди на Бразилецот што се очекува да бидат урнати во 2021 година.

Интересно, Пеле го напушти Сантош на 33-годишна возраст и се пресели во таборот на Њујорк Космос, а сега се очекува и самиот Меси на 33-годишна возраст летово да си замине од Барселона.

Пеле севкупно во кариерата има постигнато 1282 погодоци, но кога станува збор за официјалните натпревари тој има реализирано 767 гола. Овој рекорд ќе биде урнат, со оглед на фактот дека Роналдо веќе има 754 гола, а Меси има стигнато до 714 погодоци на официјалните натпревари.

Бразилецот има 77 гола во дресот на репрезентацијата и долги години е најдобар стрелец на една селекција од Јужна Америка. Сепак, и овој рекорд би требало да биде урнат во 2021 исто така од Меси, кој досега има 71 гол како член на аргентинскиот национален тим.

Се вчитува...