Македонскиот фудбалски интернационалец и поранешен репрезентативец Марио Ѓуровски урива рекорди на Тајланд. Тој на денешниот меч за својот тим Бангкок јунајтед постигна гол, и влезе во историјата на тајландскиот фудбал како прв фудбалер на кого му успеало да постигне погодоци на осум мечеви но серија.
Тој беше стрелец на вториот гол за својата екипа во триумфот од 0-3 на гости против Порт. Останатите два гола на Бангкок јунајтед беа дело на Драган Бошковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА