Карлос Алкараз се закити со шестиот гранслем трофеј во кариерата откако во големото финале на УС Опен го совлада Јаник Синер со 3-1 во сетови. Шпанецот со оваа импресивна победа се врати на врвот на АТП-листата, но и заработи рекорден чек за еден освоен турнир.
Имено, организаторите на УС Опен ги зголемија премиите за овогодинешното издание, па така Алкараз како нов шампион доби и чек во вредност од пет милиони долари, најбогата премија во историјата на официјалните тениски турнири (во предвид не се земаат ревијалните турнири кои не се бодуваат од АТП). Синер поради поразот во големото финале заработи само 2,5 милиони долари.
Алкараз воедно е и тенисерот со убедливо најголема заработка во 2025 година, Шпанецот досега само од турнири има искасирано 13,8 милиони евра. Наспроти него, Синер кој поради допинг-суспензијата настапи на само седум турнири, досега има заработено 10,3 милиони евра во оваа календарска година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

