Британскиот возач Луис Хамилтон стигна до пол – позицијата во пресрет на утрешната трка во Монца. Тоа е рекордна 69.пол – позиција за Хамилтон, со што го надмина Михаел Шумахер, остварена по многу тешки услови за возење. Во Монца дождот денеска им направи огромни проблеми на возачите, но Британецот на крајот сепак најдобро се снајде.
Веднаш зад него се пласираше тандемот на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикијардо, но бидејќи и двајцата ќе стартуваат со казни на стартот поради менување на мотор, од втората позиција треба да стартува Ленс Строл од Вилијамс.
Од вториот ред треба да тргне Естебан Окон од Форс Индија, пред Валтери Ботас (Мерцедес), додека возачите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел, ќе бидат во третиот ред на домашната патека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА