Во текот на тековната сезона во елитното шпанско фудбалско првенство, ВАР интервенираше 162 пати, што е најголем број на видео проверки за овој период од сезоната откако системот се користи во Ла Лига.
Најчесто, според шпанските медиуми, ВАР интервенирал за проверка на спорни ситуации во кои се вмешани играчите на Барселона – 19 пати. Од тој број на проверки, 13 завршија со позитивен исход за Каталонците.
Инаку, рекорден број интервенции на ВАР се случија во сезоната 2022/2023 тогаш видео системот 179 пати ги проверуваше ситуациите во натпреварите во Ла Лига, но оваа сезона, како што стојат работите, сигурно ќе ја надмине таа бројка.
До крајот на сезоната има уште 61 натпревар, а ако се земе предвид дека ВАР се користи еднаш на два меча, прашање на време е кога ќе биде надминат рекордот од споменатата сезона.
Се очекува да се зголеми бројот на интервенции на ВАР бидејќи сезоната е при крај, следуваат клучни натпревари и секоја спорна ситуација попрецизно ќе се проверува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА