Рекордна вечер за Ембид и Таунс, залудна одлучната партија на Дончиќ против Бостон (ВИДЕО)

Изминатата вечерв во НБА лигата се одиграа осум натпревари. Најкорисниот кошаркар во НБА лигата за минатата сезона Џоел Ембид испиша историја во победата на неговата Филаделфија 76 на домашен терен против Сан Антонио спурс со 133-123.

Неверојатниот центар натпреварот го заврши со 70 поени што е рекорд во неговата кариера надополнети со 18 скока и пет асистенции. Кај поразените Виктор Вембанјама уфрли 33 поени.

Рекорд на кариерата постави и Карл Ентони Таунс кој во поразот на Минесота тимбервулвс од Шарлот хорнетс (125-128) постигна 62 поени. Кај победникот Мајлс Бриџис заврши со 28 поени.

Залудна беше одличната партија на Лука Дончиќ за својот Далас маверикс во поразот од Бостон селтикс на домашен терен со 110-119. Словенецот мечот го заврши со 33 поени, 18 скока и 13 асистенции. Кај победникот Џејсон Тејтум постигна 39 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Орландо – Кливленд 99-126, Детроит – Милоки 113-122, Торонто – Мемфис 100-108, Феникс – Чикаго 115-113 и Сакраменто – Атланта 122-107.

Се вчитува...