Рекордни 104 натпреварувачи направија Дојран да блесне како најдобрите светски триатлон дестинации (ФОТО)

Првиот  Триатлон – Национално Првенство за 2021 помина во беспрекорна организација и најмасовно досега, се одржа на 29 и 30 Мај во Дојран. Најголемо достигнување постигна стружанецот Димитар Јованоски од клубот “3 Дисциплинс”, кој ја освои титулата Апсолутен шампион на Националното првенство. Седумнасетгодишниот Јованоски остави зад себе врвни натпреварувачи од сениорска конкуренција.

 

Од 104 натпреварувачи во 16 категории, најголем беше бројот на учесници во детските категории. Во Сениорска категорија најдобри беа Александра Танаскоска од Триоги Скопје и Игор Димовски од Софка Скопје.

Најмладите на возраст од 5 до 12 години  воодушевија со својата храброст и решителност, и покажаа дека триатлонот во нашата земја има надежна иднина.

 

 

 

Се вчитува...