Остануваат уште два дена до големото финале на Лигата на шампионите во Кардиф. Реал Мадрид е тимот кој ќе се обиде за првпат во историјата на ова натпреварување да го одбрани трофејот освоен лани. А фудбалерите ќе имаат и посебна мотивација за тоа. Ќе добијат најголеми премии во историјата на клубот, доколку успеат повторно да го подигнат ’пехарот со уши’.
Претседателот Флорентино Перез им најавил дека ќе добијат премии од 1,5 милиони евра, секој играч посебно, доколку го остварат и овој успех. Само за споредба, минатата година „кралевите“ добија по 800.000 евра за освојување на ЛШ.
Комплетно, како тим, Реал Мадрид минатата сезона потрошил околу 32 милиони евра за премии за фудбалерите, а оваа сумата би можела да биде фантастични 80 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА