Кристијано Роналдо вечерва може да испише историја доколку постигне гол против Р. Ирска во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година. Имено, ако постигне гол тој ќе стигне до бројката од 110 во националниот тим со што ќе го надмине Иранецот Али Даеи со кого во моментов го делат првото место со по 109 гола.
Роналдо првата шанса за рекорд ја пропушти откако не успеаше да реализира пенал во 15. минута кога по неговиот удар одлични интервенираше голманот на Ирците, Базуну.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА