Веќе нема никакви дилеми, Рели Дакар во 2020 година ќе се вози на територијата на Саудиска Арабија. По триесет изданија во Африка и единаесет во Јужна Америка, организаторите денеска објавија дека постигнале целосен договор за целата трка да се вози во Саудиска Арабија, прва земја-домаќин од Азија на ова врвно натпреварување.
Во последните дваесетина дена се шпекулираше со различни опции од Средниот Исток, како и со држави од Јужна Америка, за на крајот изборот да падне врз Саудиска Арабија.
„Откажувањето на Чиле, Боливија и Аргентина придонесе лани трката да се одржи само во Перу, па ние моравме да ја интензивираме потрагата по нова земја. Веруваме дека трката низ Саудиска Арабија ќе го има истото ниво на квалитет како и во претходните години“ – објавија организаторите на Рели Дакар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА